Храбриот Шкупи не „падна“ на „Максимир“: Реми со Динамо Загреб

by Fokus

Македонскиот првак Шкупи одигра 2-2 против Динамо Загреб во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Тимот од Скопје прв дојде до водство преку Кевен, но во последните минути од првото полувреме Аријан Адеми погоди за реми помеѓу паузата.

Во вториот дел, хрватската екипа беше таа која ја имаше иницијативата и тоа беше наградено на десетина минути пред крајот, откако Петковиќ погоди за 2-1. Сепак, „чаирчани“ не се предадоа и за три минути го израмнија резултатот преку Цепас.

Реванш-дуелот помеѓу Шкупи и Динамо Загреб се игра за една седмица, на 26 јули во 21 часот на арената „Тодор Проески“.

Фото – Спортски новости (Борис Ковачев)

Поврзани новости