Ховит, Питела и Флекенштајн во Македонија на јавна дебата за политичката криза

by Фокус

Европските пратеници Џани Питела, претседавач на Групата на прогресивни социјалисти и демократи во ЕП, Кнут Флекенштајн, заменик – претседавач на Групата на прогресивни социјалисти и демократи во ЕП и Ричард Ховит, поранешен известувач за Македонија во Европскиот парламент ќе бидат главни панелисти во рамки на јавната дебата „Предизвиците и очекувањата од сегашната политичка ситуација и Европските перспективи“, организирана од „Фридрих Еберт“ – канцеларијата во Скопје, и „Прогрес институтот“,

Дебатата се одржува денеска во „Холидеј Ин“ со почеток во 18 часот.

Европратениците ќе остварат средби и со премиерот, како и со претставници на останатите политички партии.

Европратениците доаѓаат во земјава непосредно пред објавувањето на годишенот Извештај за напредокот на Македонија.

Поврзани новости