Адеми не знае дали се почитувани постапките во „11 Октомври“

by Фокус

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, денеска апелираше училиштето „11 Октомври“ и родителите да ги почитуваат законите и постапките.

-Доколку се констатира дека некој од директорите има лоши резултати, може да се покрене постапка за негово разрешување. Мора да има иницијатива од училишниот одбор и предлог до градоначалникот за разрешување. Во овој момент не сум запознаен дали се почитувани сите постапки, меѓутоа Инспекторатот тоа многу лесно може да го констатира – изјави денеска Адеми по прес-конференцијата за доделување стипендии.

Адеми потврди дека ја именувал Даниела Костадинова на директорската функција, бидејќи не бил испочитуван рокот во кој градоначалникот на Центар требало да го изврши изборот. Нагласи дека при нејзиното именување не бил воден од политички причини.

 

Поврзани новости