Чавков потпишал налог за прислушување на началник, следени биле шест телефони на инспектор

by Фокус

Гоце Митровски, вработен како главен инспектор во криминалистичката полиција при МВР, на денешното рочиште на „Таргет-Тврдина“ рече дека и тој бил незаконски прислушуван.

-Шест мобилни броеви и домашниот број ми биле прислушкувани. Еден број што бил прислушкуван бил на мојот малолетен син, а другите беа на моите родители – рече Митровски.

Исто така, прислушуван бил и пензионираниот полициски началник Ламбе Бучков, кој пред судот рече:

„Не сум прислушкуван по наредба на Јанкулоска, туку таа ингеренциите ги имаше пренесено на директорот за Државна безбедност. Налог за мое прислушкување има потпишано и Митко Чавков. Јас сум бил прислушкуван до 2016 година“.

Поврзани новости