Хоспитализиран велосипедист по сообраќајна незгода со „пежо“

by Fokus

Вчера околу 9.40 часот велосипедист бил тешко повреден по сообраќајка со „пежо“, при што веднаш истиот бил хоспитализиран во Клинички центар.

„Во СВР Скопје вчера во 9:40 часот било пријавено дека на крстосницата од улицата „Цветан Димов“ и улицата „Коста Абрашевиќ“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „пежо 106“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(60) од Скопје и велосипед управуван од Н.С.(60) од Скопје. Н.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје“, велат од МВР.

Поврзани новости