Хорхе ќе ги тужи новинарите, никој не го прашал каде бил на одмор

by lali 22:19
22:19

ivanov manakiОстро соопштение до буквално сите македонски медиуми испрати кабинетот на Ѓорге Иванов бидејќи летото помина, а ниту еден новинар не прашал каде претседателот бил на одмор.

„Нечуено, дрско и безобразно е тоа што медиумите се занимаваа со тоа дека Груевски бил во Бодрум, Заев се сончал во Грција, а никој, буквално никој не се заинтересира каде летуваа претседателот и првата дама. Шефот на државава не е најден на улица па така да се однесувате кон неговата личност – него ВМРО го избра на еци-пеци-пец. Па нели е тој татко на нацијата, мајка му стара?!“, стои во протестниот допис од популарниот Хорхе.

Од кабинетот предупредуваат дека ако во рок од 48 часа новинарите не пратат прашања за одморот на претседателот, по минимум две за него и едно за Маја, медиумите ризикуваат тужба бидејќи со ваквото однесување му нанесуваат штета на угледот и на делото на Иванов.

Disklejmer

Поврзани новости