Холандски фудбалер избркан од тим од Бундеслигата поради објава со симпатии за Палестина

by Fokus

Холандскиот фудбалски интернационалец – Анвар Ел Гази, доби отказ од бундеслигашот Мајнц поради тоа што на социјалните мрежи објавил дека има симпатии кон Палестина.

Тој е отпуштен само еден месец по доаѓањето во германскиот фудбалски клуб, а Управата објавила дека е во „ситуација што не се толерира“.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо пренесува дека Холанѓанецот во својата објава на социјалните мрежи ја употребил фразата „Од Реката до Морето“, која била сметана за навредлива за Евреите.

Инаку, Ел Гази кариерата ја започна во Ајакс, а играше и за Лил, Астон Вила и Евертон.

Пред да дојде во Мајнц го носеше дресот и на ПСВ Ајндховен.

Поврзани новости