Холандија без две ѕвезди на ЕП: Ќе биде ли тоа олеснување за нашата селекција?!

by Fokus

Холандскиот селектор Франк де Бур го соопшти денеска списокот со 26 фудбалери за претстојното Европско првенство, на кое и дефинитивно, поради повреда, нема да настапи дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, а отпадна и играчот на Тотенхем, Стивен Бергвајн.

Холандија во воведните два натпревари од Групата Ц ќе игра против Украина и Австрија пред мечот од последното коло во групната фаза против македонската репрезентација, на 21 јуни во Амстердам.

Составот на Холандија за Еуро2020:

Голмани: Каспер Силесен, Тим Крул, Мартен Стекеленбург.

Одбрана: Нејтан Аке, Дејли Блинд, Матијас де Лихт, Стефан де Фрај, Дензел Думфис, Жирум Тимбер, Патрик ван Анхолт, Жоел Фелтман, Овен Вијндал.

Среден ред: Френки де Јонг, Мартен де Рун, Рајан Гравенберх, Деви Класен, Теун Купмеирнес, Дони ван де Бек, Жоржињо Вајналдум.

Напад: Стивен Бергјус, Лук де Јонг, Мемфис Депај, Коди Гакпо, Донјел Мален, Квинси Промес, Воут Вегхорст.

Фото: Перо Стојановски

Поврзани новости