Не затвораме очи пред корупцијата на политичарите на Балканот, а за изборот на лидери се одговорни граѓаните, вели заменик помошникот на државниот секретар на САД Хојт Брајан Ји во интервју за утрешното издание на српскиот неделник НИН.
На прашањето како течат разговорите со лидерите во регионот и што тие бараат за возврат, Ји вели:
-Ние сме тука да пружиме поддршка, охрабрување, да дадеме совет ако е потребно, но и повремено да ги повикуваме на одговорност нашите партнери…Очигледно не се согласуваме со ниту една земја во целост. Но она што го покажавме на Балканот е желбата на сите земји прво да станат стабилни, второ, да се развиваат и трето, да бидат безбедни. Овие цели се меѓусебно поврзани и ако се согласиме кои се неопходните чекори, брзо ќе дојде до напредок, вели Ји, посочувајќи ја тука како пример Црна Гора.