Адвокатот Давидовиќ ќе се кандидира за јавен обвинител

by fokus

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ ќе се кандидира за местото на новиот јавен обвинител. Тој за Фокус вели дека на функцијата решил да се кандидира бидејќи ќе биде потребен човек што ќе треба да се соочи со многу притисоци и проблеми кои ги носи ова „жешко столче“.

„Се одлучив затоа што долги години зборувам јавно за разлика од многу други луѓе за проблемите со кои се соочува обвинителството и судсството. Долги години сум во судство и знам дека може да се справам со притисоците кои ќе ги носи столчето. Добар дел од луѓето кои ја промовираат својата кандидатура мислат дека таа е некаква привлегија а не е вооопшто така бидејќи е жешко столче на кое ќе треба многу работи да се расчистат.

Личноста што ќе ја преземе функцијата ќе требада се судри со многу луѓе и да се расчисти со многу структури кои сториле кривични дела без разлика од која партија доаѓаат. Ќе треба некој што ќе покаже дека е целосно независен и не фаворизира ниту една партија или други интереси. Треба да се справи буквално со целото јавно обвинителство прво да го исчисти својот двор,а потоа и да го средува судството“, вели Давидовиќ за Фокус.

Поврзани новости