526
Многу е важно да се утврди одговорноста за нелегалното прислушување и за наводните владини злоупотреби во врска со прислушувањето, истакна заменик-помошник државен секретар на САД, Хојт Ји, во интервју за емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат М.
– Тоа е важно и за граѓаните на земјата да се уверат дека е воспоставено владеење на правото. Ги повикуваме сите политички партии, политички и владини лидери, членовите на Парламентот, да сторат се што можат да биде спроведена правдата, СЈО да ја добие потребната поддршка за да си ја заврши работата и да нема политички притисок врз обвинителите и судиите од инволвираните во утврдување на одговорноста. Тоа треба да се направи во разумен рок и да не се одолговлекува – истакна Хојт Ји.