Притворен уште еден учесник во нередите во Собранието

by fokus

Во Основниот суд Скопје 1 пред судија на претходна постапка денеска е спроведено уште едно лице и прифатен е предлогот за притвор на Основното јавно обвинителство (ОЈО).

Судот и на ова лице му определи мерка притвор во траење од осум дена, информираат од Основниот суд Скопје 1.

Во текот на вчерашниот ден во Основниот суд Скопје 1 – Скопје пред судија на претходна постапка беа спроведени седум лица за кои судот по ценење на предлогот на ОЈО го прифати предлогот и на четири лица им определи мерка притвор, на едно лице му определи мерка куќен притвор и на две лица мерки на претпазливост, соопштија од Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Предлогот, посочуваат од судот, се однесува на кривичното дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие од член 384 став 1 од Кривичниот законик за кое е предвидена казна од една до пет години согласно Законот, а со оглед на тоа што се работи за скратена постапка по новиот Закон за кривична постапка во претходна постапка притворот може да трае најмногу до осум дена.

Поврзани новости