Хоџа е горд на своите другари кои ги убија 8 „тигри“ во Диво Насеље

by fokus

Џезаир Шаќири Хоџа, кој од неодамна е ангажиран како советник во Влада, односно ќе го советува премиерот Зоран Заев за безбедност и за борба против радикализмот, по вооружениот напад во кумановско Диво Насеље дал изјава во која вели дека е горд на своите другари кои убиле 8 припадници на безбедносните сили.

Од сето ова јас сум горд што ми биле другари, се бореле како лавови. Биле предадени и сепак издржале се до последен момент, онака како што им доликува на јунаците слични на Мит Соколи на нашата нација. Да кажам само еден пример, единицата „тигри“ има 520 припадници, кои важат за најсилни и најтренирани во Македонија, од нив 8 се убиени и 37 ранети. Ако ги поделиш излегува дека 10 отсто од најсилната полициска единица во Македонија се елиминирани. Да не зборуваме за деморализирање на останатите, кои според информациите што ги имаме, се со големи трауми – изјави Џезаир Шаќири Хоџа, по вооружениот конфликт во Диво Насеље за КТВ.

Поврзани новости