Му пресекле пат да се расправаат, после тоа го натепале

by fokus

Педесет и четиригодишен човек од Скопје синоќа во 00:45 часот пријавил дека бил физички нападнат од две непознати машки лица.

Претходно, околу 23.00 часот на ул. „Орце Николов”, еден од сторителите управувајќи патничко возило „Пежо” му го пресекол патот на пријавителот и започнал вербална расправија со него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости