Директорката на УНИЦЕФ е повредена во сообраќајна несреќа на патот кон Газа

by fokus

Извршната директорка на Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), Кетрин Расел, е повредена во сообраќајна несреќа во Египет додека патувала за Појасот Газа, поради што морала да ја одложи посетата на Израел, соопшти УНИЦЕФ.

Во вторникот беше објавено дека автомобилот се превртел на пат кон граничниот премин Рафа кон Газа, но дека Кетрин Расел не е сериозно повредена, пренесува Ројтерс.

Кетрин Расел планираше да го посети Израел, каде што се надеваше дека ќе може да разговара со членовите на семејството чии деца беа киднапирани во напад на палестинската организација Хамас.

Поврзани новости