Хилари Клинтон однапред ги добивала прашањата за дебатите?

by fokus 13:23
13:23

Викиликс објави нови мејлови повразни со кампањата на Хилари Клинтон според кои таа пред телевизиските дебати ги дознавала дел од прашањата.

Дона Бразил, стратег на кампањата на Хилари Клинтон која воедно била и коментатор за Демократската партија на Си-Ен-Ен, на 5 март, ден пред демократската дебата помеѓу Клинтон и Берни Сандерс испратила мејл до Џон Подеста, претседателот на кампањата на Хилари.

- Advertisements -

-Едно од прашањата кое ќе и биде поставено на ХРК (Хилари Родам Клинтон) ќе дојде од една жена која имала кожен осип. Нејзиното семејство беше отруено со олови и таа ќе ја праша Хилари што може да направи за жителите на Флинт ако стане претседателка, напишала Бразил.

Во еден друг мејл Бразил пишува: “Од време на време ги добивам прашањата однапред” и во истата порака помеѓу редовите сугерира дека на Клинтон ќе и биде поставено прашање за смртната казна.

По овие откритија Дона Бразил даде оставка од Си-Ен-Ен и и во понеделникот на Твитер се заблагодари на телевизијата за соработката како политиколог и демократски коментатор.

Поврзани новости