Младиот волонтер Иван Кукуновски е во стабилна состојба и е згрижен на Клиниката за токсикологија во Скопје.
Оваа информација ја потврди неговиот татко, Јовица Кукуновски. Иван вчера се задушил од чад за време на гаснењето на големиот пожар во ридско-планинскиот предел во општина Чучер-Сандево.
Младиот Иван бил дел од екипите кои повеќе од 24 часа се бореа со огнената стихија. Пожарот се закануваше да зафати и населени места.
„По 24-часовната борба со огнената стихија, мојата борба како родител продолжува на друг фронт со мојата прва радост. Го победивме огнот, ќе го победиме и ова, сине Иване,“ рече неговиот татко за 24 Инфо.
Инаку, утрово покрај противпожарните екипи на земја, во гаснење на пожарот на територијата на Општина Чучер Сандево повторно интервенираа два хеликоптери на Министерството за внатрешни работи, кои, како што што соопштија оттаму, за неколку часа исфрлиле над 70 тони вода.