Хелтгрупер: Повеќе од 1.200 лекари си заминале од Македонија и Србија

by Фокус

Повеќе од 1.200 лекари си заминале од Македонија и Србија на работа во странство, покажуваат последните истражувања на „Хелтгрупер“ спроведени во Македонија, Србија, Косово и Албанија. На таков чекор, најчесто се одлучуваат помладите лекари, отколку повозрасните, барајќи подобри услови за професионален развој и поголеми плати.

Во направеното истражување, една од главните причини која се споменува за заминувањето на лекарите се и вработувањата по партиска линија, а не изостанува и лошиот однос на пациентите кон лекарите. Тие тврдат дека постојано се изложени на закани, вербални и физички напади, притисоци и уцени, така што воопшто не се чувствуваат безбедно.

Ние како лекари не сме задоволни од причини што релевантните институции кои имаат обврска да не поддржат тоа не го прават. Пациентите имаат право да ни кажат што сакаат, да снимаат видеа и да покренуваат иницијативи за наводна корупција. Тоа не носи до ситуација во која не ги гледаме пациентите како клиенти, туку како непријател кој може да биде многу лош – изјавил лекар од Албанија за потребите на истражувањето.

Исто така, она што е загрижувачко, според направеното истражување, е дека лекарите од сите генерации не сакаат да ја препорачаат медицинската професија на своите помлади колеги.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Поврзани новости