Хелсиншки: ЛГБТИ луѓето да бидат помалку видливи за време на протестот на МПЦ

by Fokus

Хелсиншкиот комитет за човекови права ги повика припадниците на ЛГБТИ заедницата да бидат помалку видливи и тивки за време на највениот протест за во четврток од Македонската православна црква-Охридска Аехиепископија.

„Со големо жалење и за првпат бараме од лицата од ЛГБТИ заедницата и поддржувачите да бидат помалку видливи и тивки во текот на денот на протестот, но нашата грижа за заедницата овојпат не‘ приморува на тоа. Остануваме да бидеме гласни и посветени во борбата за еднаквост и демократија, но на крајот на краиштата најважно е да останеме живи и здрави за да можеме да продолжиме да ја остваруваме нашата визија за Македонија како земја на еднакви права и можности за сите граѓанки и граѓани“, стои во соопштението на Хелсиншкиот комитет.

Од Хелсиншки  комитет појаснуваат дека се загрижени од ззголемениот број пријави  на инциденти и вербални напади и закани во последните денови. Според нив тоа е предизвикано од вжештената атмосфера околу дискусијата на верските институции поврзана со носењето на законите за родова еднаквост и матична евиденција.

„Ви се обраќаме со апел и совет за ваша и наша лична безбедност и добросостојба. Како граѓанско општество остануваме посветени на градење на општествена кохезија и надминување на раздорот и застапување за помирување меѓу нашите граѓани“, соопшти Хелсиншки комитет. .

На ЛГБТИ луѓето Хелсиншки комитет за време на протестот и еден ден по него советуваат да избегнуваат да се движат на просторот на кој што се оддржува протестот, да избегнувате да носат обележја кои асоцираат на ЛГБТИ заедница во јавен простор. да се движат низ осветлени и фрекветни улици и простори.

„Секогаш имајте мобилен телефон при рака, за да во случај на каков било инцидент – веднаш да ја контактирате полицијата. Во случаи на вербални напади и провокации, останете смирени и тивки и брзо упатете се кон место каде што има повеќе луѓе. Во случаи на вербални напади во такси, останете смирени и не влегувајте во дискусија. Побарајте да слезете на првото погодно место и напуштете го возилото во молк. Веднаш потоа пријатевет го возачот во такси компанијата, а инцидентот до надлежните институции“, советува Хелсиншки комитет. .

Од Хелсиншкиот комитет до луѓето од ЛГБТИ заедницата порачуваат во  случај на напад или закани во автобуси, да останат смирени и да  влегуваат во дискусија, а потоа без збор да излезат на следната станица и  да пријават во надлежни институции.

„ Во случај на физички напад гласно барајте помош. Штом сте на безбедно веднаш пријавете“, препорача хелсиншки комитет, и додава дека се на располагање кај нив да се пријават случаи на напади и прекршување на правата.

Поврзани новости