Институциите не само што не го казнуваат и не се борат против говорот на омраза, туку напротив, го поттикнуваат, се вели во последната анализа на оваа тема изработена од Хелсиншкиот комитет, во рамки на проектот за борба против говорот на омраза. Според анализата, говорот на омраза зема поголем замав во предизборниот период, а го промовирааат и самите политичари.
-Постои ниска свест кај граѓаните што претставува говор на омраза. За таа цел ние преземаме низа активности за да ја покренеме свесноста кај граѓаните, јавното обвинителство има слаб одзив кон говорот на омраза, законското дефинирање е доста слабо и нема никакви последици. Проектот опфаќа повеќе активности кој содржи лобирање за превенција од говор на омраза, како и зголемување на свеста кај граѓаните и институциите, изјави координаторката на проектот Елена Брмбеска.
Според анализата, најголемиот дел од поплаките за употреба на говорот на омраза се на етничка, верска, јазична и национална основа, каде ниедна од етничките групи не е поштедена, а има и физички пресметки.