Се уште нема договор за изборниот законик

by Фокус 22:30
22:30

Ниту вечерва потписниците на договорот од Пржино не се договорија за Изборниот законик. Според учесниците во преговорите, „ни вечерва нема ништо ново“ и по десетчасовните разговори. Според извори на Алсат М, денеска немало ни заедничка средба, туку само консултации на разни нивоа.

Олеснувачот Питер Ванхојте порано вечерва изјави дека двете точки за кои четирите партии не можат да се договорат се гласањето на дијаспората, како и начинот на кој ќе се гласа во Државната изборна комисија.

- Advertisements -

Рокот за договор за Изборниот законик истече пред шест дена. Денеска еврокомесарот Јоханес Хан изрази загриженост поради пробивањето на роковите предвидени со договорот од Пржино.

-Загрижувачки е неуспехот на четирите главни политички партии во Македонија да се договорат околу Изборниот законик и идниот изглед на Државната изборна комисија и дека со тоа веќе ги пробиваат поставените рокови за целосна имплементација на политичкио договор од 2. јуни и 15. Јули, рече Хан.

 

Поврзани новости