Хелсиншки ќе поднесе кривични пријави против двајцата директори на ФЗО во случајот со Тамара

by Фокус

Хелсиншкиот комитет ќе поднесе кривични пријави против двајцата директори на Фондот за здравство за несовесно работење на службата во случајот со малата Тамара Димовска, која имаше искривен рбет и која со месеци беше одбивана од лекарските комисии за лекување во странство, чекајќи да се отвори Спиналниот центар на хируршките клиники.

Според нив,  во двете конзилијарни мислења има назнака„итно“, а тоа може да се забележи на документите кои ги покажаа од Хелсиншкиот комитет. Од поднесувањето на барањето на 28-ми април 2014-та година до денот кога е одговорено, односно е донесена првата негативна одлука поминале цели шест месеци.

– Одеднаш министерот Тодоров се заинтересира за случајот и излезе со изјава дека Фондот ќе го плати лекувањето. Министерот не може да одлучува во име на Фондот. И повторно институциите се однесуваат бирократски, бараат нова документација на која повторно има назнака „итност“. За тоа време деформацијата на рбетот од 40 степени се зголемува на 80 степени – истакна Уранија Пировска извршна директорка на Хелсиншкиот комитет.

Поврзани новости