Ректорот Велимир Стојковски се појави на окупираниот Филозофски факултет

by Фокус

Велимир Стојковски, ректорот на УКИМ пред половина час се појавил на Филозофскиот универзитет, кoj повеќе од 24 часа е окупиран од пленумци.

Тој одредено време разговарал со студентите, при што нашите извори ни тврдат дека не се спротиставувал на тоа што тие го прават, само им рекол дека имаат различни методи на дејствување, ама целата им е иста.

Окупацијата на студентите денеска продолжува и на техничките факултети. Пленумци ја бојкотираа наставата и на Машинскиот факултет, каде што не се држи настава во ниту една предавална. Со транспарент „Автономија“, студентите ги поздравија сите Пленумци кои во моментов се пред Машински факултет, и им порачаа дека прогласуваат Автономна зона и на овие факултети.

Поврзани новости