БЕСА: Заев да ги објави сите „бомби“ за Албанците

by Фокус
Движењето БЕСА покрена иницијатива за организирање нова албанска платформа во Македонија под мотото „И Албанците без хипотеки“, со цел во име на вистината да се дознаат сите „бомби“ кои се поврзани со албанските политичари во Македонија.
– Ние Албанците имаме право да знаеме кој и што направил на наша штета, кој и да е тој – нагласуваат од Беса, додавајќи дека нема да дозволат никој да се пазари на штета на Албанците.
Оттаму го повикуваат лидерот на СДСМ, Зоран Заев, или било кој друг политичар кој претендира дека има такви податоци, безусловно истите да ги објави.

Поврзани новости