677
Петте хеликоптери, два македонски и три српски, кои денеска полетаа кон Пехчево, но потоа беа повлечени, поради безбедносни причини, утре изутрина ќе полетаат пак.
-Утре рано наутро 5-те хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар во реонот на општина Пехчево се додека тоа го дозволува температурата на воздухот, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Тој денеска и појасни дека одлуката за повлекување била донесена поради високите температури, поради кои се загрозува животот на екипажот. Штом температурите ќе се намалат, хеликоптерите ќе се вратат, рече Ангелов.