Владата утре ќе одлучи дали ќе прогласи кризна состојба

by fokus 23:15
23:15

Владата утре во 08.30 часот ќе одржи седница за предлогот на Управувачкиот комитет за воведување кризна состојба во траење од 30 дена поради состојбата со пожарите.

-Донесена е одлука за кризна состојба за 30 дена на Управувачкиот комитет, а утре сабајле во 08:30 часот ќе се одржи седница на Влада и ќе се донесе одлуката, изјави Заев за ТВ21.

- Advertisements -

Центарот за управување со кризи претходно соопшти дека Управувачкиот комитет на седница го прифатил предлогот на Групата за процена и предлага на Владата да донесе одлука за постоење на кризна состојба на целата територија на државата во траење од 30 дена.

-Групата за процена, составена од директорите на ЦУК, ДЗС, АНБ, БЈБ, Агенција за разузнавање, заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата, раководителот на службата за воена безбедност и разузнавање, замениците директори на ЦУК и ДЗС, и советникот за национална безбедност од кабинетот на Претседателот, попладнево одржа седница на која поради зголемениот обем на пожарите, зголемениот ризик за граѓаните и неколку други причини, донесе едногласна одлука да му предложи на Управувачкиот комитет (министрите за внатрешни и надворешни работи, одбрана, здравство, транспорт и врски, како и раководителот на групата за процена) да и предложи на Владата да донесе Одлука за постоење на кризна состојба на територијата на РС Македонија заради зголемена појава на пожари и спречување од нивно ширење во траење од 30 дена, информираше ЦУК.

Поврзани новости