542
Откако беше отворена границата за мигрантите настанал вистински хаос. Многумина од бегалците се обидуваат да се пробијат за први да стигнат до возот кој треба да ги пренесува кон Србија. Во стампедото настрадала и една бремена жена, но немало лекарска екипа да интервенира.
Наизглед државните институции како намерно да го прават хаосот. Прво одлучија да ја затворат границата па откако се насобраа илоајдници мигранти на граничната линија решија да дозволат премин. Но тоа не е направено во координација на сите надлежни и не е изведено професионално. Зачудува фактот што за толкава бројка бегалци не е ангажирана лекарска екипа.