Хаос на прославата на Нова година во Сиднеј

by Fokus

Застрашувачка толпа ја прекина новогодишната прослава во Сиднеј откако стотици луѓе беа заглавени обидувајќи се да поминат низ оградите, во делот со билети, каде што има подобар поглед на новогодишниот огномет.

„Луѓето ме газеа, додека бев на земја со уште десетина други, а некои трчаа преку мене, Изгубив рамнотежа кога бев турнат на земја и паднав на други двајца“, вели еден од Австралијанците.

На крај е повикан Одредот за јавен ред и мереди на полицијата на Нов Јужен Велс за да преземе контрола над ситуацијата. Уште не е познато дали има повредени.

Поврзани новости