380
Јоханес Хан вечерва ќе пристигне во Скопје, а за утре се закажани билатералните средби со лидерите на парламентарните политички партии. Не се исклучува можноста тој да се сретне и со претседателот Иванов, објави Телма.
Хан ќе учествува на министерскиот состанок посветен на енергетиката, а на маргините на конференцијата ќе оствари средби со партиите. Ова е прва негова посета по предвремените избори на 11 декември, а последен пат во Скопје имаше средба со политчарите во октомври лани.
Хан од Брисел порача дека очекува во Македонија брзо да се формира Влада, поддржана од широко парламентарно мнозинство која ќе ги спроведе итните реформи со што ќе се отворат европските перспективи за земјата.