Почина едниот морски лав во Зоолошка, причината непозната

by fokus

Зоолошката градина Скопје информираше дека утринава починал едниот од двата морски лава кои беа донесени од хрватската зоолошка градина.

-Не знаеме дали причините за угинувањето на морскиот лав се ниските температури и временските услови. Морскиот лав е даден на обдукција и по добивањето на резултатите ќе ве информираме подетално, се вели во соопштението од Зоолошката градина.

Се реакција се јавија и „Анима Мунди“ кои повикуваат да се бојкотира Зоолошката градина Скопје, како и сите зоолошки.

-Смртта на животното повторно е изненадување за одговорните и вработените, повторно никој ништо не приметил претходно, повторно никој не чувствува одговорност или вина! Немојте да бидете соучесници, немојте со свои пари да го финансирате ропството на оние кои не ни згрешиле ништо, кои се осудени да умрат далеку од своите природни живеалишта, осудени никогаш да не почувствуваат слобода!, стои во реакцијата на „Анима Мунди“.

Поврзани новости