Стејт департмент: САД го признаваат територијалниот интегритет на Република Македонија

by fokus 12:26
12:26

Претставник на Вашингтон за Гласот на Америка на албански јазик изјави дека политиката на САД кон Македонија не е променета, а таа е дека тие го признаваат територијалниот интегритет на државата.

-САД гo признаваат и подржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија. Оваа позиција не е променета, рекол претставникот на Стејт Департменот.

- Advertisements -

Оваа изјава следува откако американскиот конгресмен Дана Рорабахер во интервју за телевизискиот канал „Визион Плус“ изјави дека Македонија не е држава и треба да се подели.

 

Поврзани новости