Емил Димитриев го доби премиерскиот мандат

by Фокус 20:42
20:42

Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, пред еден час му го предаде мандатот за нов премиер на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев. Тоа се случи во претседателската вила на Водно, само еден час откако во Собранието беше усвоена оставката на сега веќе поранешниот премиер Никола Груевски.

Сега се очекува вечерва околу 22 часот Собранието да го верификува мандатот на Емил Димитриев, како и составот на новата Влада, кој ќе остане ист како и досега, вклучително со министрите и замениците-министри од СДСМ.

- Advertising -

Поврзани новости