497
Се надевам дека во февруари ќе добиете позитивна препорака, со надеж дека преговорите ќе почнат следната година, изјави денеска еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.
-Ова е нашата цел и затоа се сретнав и со опозицијата за да истакнам дека кога станува збор за националните цели, а европската перспектива е таква цел, потребна е поддршката на сите клучни играчи, без разлика дали се дел од Владата или се во опозиција, изјави Хан.