Груби ја одложи комисиската седница за второто читање на Законот за јазици

by fokus

Седницата на Комисијата за европски прашања која беше закажана за утре во 15 часот, а на чиј дневевен ред беше второто читање на Предлог законот за употреба на јазиците е одложена, информираат од Комисијата.

-Претседателот на Комисијата за европски прашања (КЕП) на Собранието на Република Македонија, пратеникот Артан Груби ја одложи шестата седница на КЕП, на која на дневен ред беше второто читање на Законот за употреба на јазиците – пишува во соопштението од КЕП.

Вкупно 90 амандмани се поднесени за Предлог-законот за употреба на јазиците до Комисијата за европски прашања во Собранието до завршувањето на рокот.

Поврзани новости