Еврокомесарот Јоханес Хан по објавувањето на извештајот со оценката за тоа дека нема услови за кредибилни избори на 24 април се огласи на Твитер. На официјалниот Твитер профил тој напиша:
-Суштината и квалитетот на изборите се поважни отколку датата.
Во извештајот од меѓународната заедница, кој вчера го презентираше американскиот амбасадор Џес Бејли, се вели дека ако изборите не можат да се одржат на предвидената дата, се очекува политичките лидери да работат да се обезбедат услови кои ќе овозможат кредибилни избори на најрано можниот датум, со целосно почитување на обврските и подготовките за тоа на ДИК.
-Партиските лидери го предложија 5 јуни како можна алтернатива. Сериозни напори од сите функционери сега се бараат и се потребни за да се постигнат условите кои ќе овозможат кредибилни избори, каде сите граѓани и партии слободно ќе учествуваат, пишува во заклучоците на извештајот.