595
Наредната недела, поточно во вторник, комесарот за преговори за проширување и европска соседска политика, Јоханес Хан, ќе ја посети Македонија. Ова би можело да биде негов последен обид да издејствува договор меѓу политичките лидери во земјата со цел ставање крај на политичката криза.
Во Скопје во понеделник ќе дојде и Викторија Нланд, американски претставник за Европа и Азија, која ќе се сретне и со Заев и со Груевски, во обид да ги приближи двете страни.
Сепак засилената дипломатска офанзива не е гаранција дека кризата ќе се разреши откако минатите денови Груевски и Заев ги исцртаа своите црвени линии.