По прекинот на преговорите нов обид на странците за смирување

by Фокус

Помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Викторија Нулад ја почнува турнејата низ Балканот, а во земјава треба да пристигне во понеделник.  Од Министерството за надворешни работни, официјално ја потврдуваат само нејзината средба со министерот Никола Поповски, но веќе е познато дека таа ќе има средби со повеќе политички лидери, вклучително и Зоран Заев.

Ден потоа еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, доаѓа во Скопје втор пат откако почнаа преговорите за надминување на политичката криза, во обид да ги смири политичките лидери и да издејствува постигнување договор.

Хан е планирано да има најпрво издвоени, а потоа и заеднички средби со четворицата политички лидери, Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети, со цел да издејствува конечен договор за ставање крај на политичката криза, а врз основа на договорената рамка од 2. јуни, што предвидува одржување на предвремени парламентарни избори во април идната година.

Посетите на Нуланд и Хан следуваат по строгите ставови на власта и опозицијата дека никој нема намера да попушти за да се постигне компромис. СДСМ најави дека ги прекинува преговорите, додека власта дека нема намера да го жртвува премиерот и министрите. Освен политичка порака се очекува дека странските гости ќе бараат и правна завршница за сите случаи, не само тој на Заев, туку и на разговорите од снимките на опозицијата.

Поврзани новости