Хан доаѓа во февруари да провери до каде е работата

by Фокус

Комесарот за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, наредниот месец повторно ќе дојде во Скопје за да види како се одвива подготовката за изборите. Ова го објави тој денеска на својот официјален твитер-профил.

-Мора да забрзаме сега. Ќе дојдам повторно во Скопје на втори февруари за да го испитам напредокот во подготовката на изборите и во ДИК“, објави Хан на својот твитер-профил.

Хан допиша и дека многу бргу треба да се направат сериозни напори од владината страна околу избирачкиот список, околу ДИК и околу реформата на медиумите, а конструктивна соработка на сите партии е единствен начин однапред да се осигураат фер и демократски избори.

Поврзани новости