Еврокомесарот Јоханес Хан присуствуваше на конференција за Западен Балкан, што во изминатите два дена се одржуваше во Драч. На конференцијата учествуваше македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Поповски. Хан истакна дека се уште има време да се направат потребните реформи за фер избори на петти јуни.
-Разговарав со министерот Никола Попоски за ситуацијата. Не се сомневам дека треба да има избори. Сега можам само да ги повикам релевантните власти и особено ДИК да сторат се’ за да го подготват избирачкиот список. Немам индиции дека тоа не е можно. Би требало да има доволно време да се стори се’ што е неопходно. Крајна поента на договорот од Пржино се изборите, а основно што се бара е тие да бидат фер и меѓународно признати, рече Хан.
Тој ги повика политичките партии да учествуваат на изборите на компетитивен, но мирен начин.