Бејли: Неовластените материјали да се предадат на СЈО

by Фокус

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, денеска на својот официјален Твитер профил порача дека секој кој поседува од прислушуваните материјали треба да ги предаде на Специјалното јавно обвинителство.

-Како што нагласи Специјалната јавна обвинителка вчера, неовластените материјали треба да бидат предадени во СЈО. Најдобар начин да се спречат понатамошни објавувања? Дополнете го Законот за заштита на приватноста согласно препораките на Венецијанската комисија. Загрозувањето на приватноста треба да биде истражено, напиша Бејли на Твитер.

На вчерашната прес конеференција Катица Јанева  ги повика засегнатите поединци чии разговори протекоа во јавноста изминатиов период да дојдат во СЈО за да поведат соодветни кривични постапки.

Поврзани новости