334
Военото крило на Хамас, бригадите Ал Касам, објави дека се соочува со копнен упад на израелската армија во северниот дел на Појасот Газа.
Во соопштението на Хамас се вели дека насилни судири се случуваат на теренот во близина на Беит Ханун во северниот дел на Газа и Буреи во центарот.
Би-Би-Си не може да ги потврди овие тврдења на Хамас.
Израел претходно вечерва соопшти дека ги интензивира нападите врз Газа, не објавувајќи никакви детали за тоа што ќе вклучува во проширување на неговата копнена операција.