Хамас го разгледува предлогот за прекин на огнот, Нетанјаху бара целосно елиминирање на групата

by irena 18:53
18:53

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повика на елиминирање на Хамас во своето прво јавно обраќање откако американскиот претседател Доналд Трамп објави, како што го нарече, „конечен предлог“ за 60-дневен прекин на огнот во Газа, објави Ројтерс.

Нетанјаху на состанок организиран од Трансизраелскиот гасовод изјави: „Нема да има Хамас. Нема да има Хамастан. Не се враќаме на тоа. Готово е.“

Трамп рече дека Израел се согласил со условите за 60-дневен прекин на огнот во Газа и го повика Хамас да го прифати договорот пред ситуацијата дополнително да се влоши, објави АП.

Американскиот лидер го зголемува притисокот врз израелската влада и Хамас да постигнат договор за прекин на огнот и размена на заложници за да се стави крај на војната.

Слични вести