562
Силен подводен земјотрес го погоди брегот на Касандра кај Халкидки утрово нешто по 7 часот и 30 минути по грчко време. Сеизмолозите измериле дека земјотресот бил со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала. Нема информации за евентуално повредени и за штети.
Според атинскиот Геодинамички институт, епицентарот на земјотресот бил длабок 29 километри, а по него следеле најмалку уште четири помали потреси.