Хакерски напад на Инспекторатот за животна средина

by fokus 13:16
13:16

Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека синоќа биле цел на хакерски напад. Целта била нивната електронска пошта преку која до медиумите се испратија стари соопштенија.

Од инспекторатот хакерскиот напад го оценија како притисок врз нивната работа.

- Advertisements -

„Овој настан го сметаме за притисок врз работата и сакаме да ја известиме целата јавност дека ќе продолжиме со извршување на нашата работа, на транспарентен и отчетен начин, упорно и неселективно“, соопштија од Државниот инспекторат за животна средина.

Поврзани новости