626
Недозволиво е Али Ахмети да го користи терминот лидер на Албанците во Македонија. И не само во Македонија, не постои таков лидер во Европа.
Ова го истакна поранешниот министер Џевдет Хајредини, според кој голема навреда за Албанците е самата констатацијата.
„Не се само тие виновни, виновни се и партиите македонски на власт, кои нашле една таква личност, и од буџетот му ги плаќаат гласачите. Тоа е општ факт. Затоа како што гледаме како неовластени да одлучуваат за важните и клучни одлуки во државата“ коментира Хајредини за Алфа.