Младо момче паднало од стан во Скопје

by Fokus

На 22.01.2023 во 17.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека од стан на ул.„Лука Геров“ во Скопје паднал 12-годишник од Скопје.

„Според пријавеното од мајката, малолетникот паднал во моментот додека бил сам во собата. Увид извршила екипа од СВР Скопје, а малолетникот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости