Хајредини: Насер Зибери очекува да биде премиер пред изборите

by fokus

Насер Зибери очекува да биде премиер пред изборите, во последните три месеци, вели поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини.

-Вистината е следна:
Прво, Али Амети вети и еден мал број гласачи ги излажа, дека гласаат за прв премиер Албанец.

Второ, после изборите, Зоран Заев на Али Амети му се заблагодари, зашто се покажал доблестен и барањето за премиер го повлекол.

Трето, Насер Зибери, од само нему познати причини, ја прифатил улогата на лажен кандидат за премиер, откако предлогот на Али предходно го одбиле 9 други кандидати.

Четврто, во тоа време никој не спомнал дека станува збор за три последни месеци.

П.с.
Албанците 1360 дена едвај ќе издржат со премиер Македонец (да не си им во кожата), за последните сто дена Насер, кој до тогаш ќе ги брани човековите права на сите граѓани, да стане прв премиер Албанец, напиша Хајредини.

Поврзани новости