Хајндл денеска на средба со потписниците на Пржино

by fokus

Германскиот специјален посредник Јоханес Хајндл по четврти пат доаѓа во Скопје, каде денеска треба да се сретне со лидерите на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино.

Минатиот месец тој порача дека единствениот излез од кризата е договорот од Пржино, но потенцираше дека партиите го одовлекуваат процесот и не работат на негова имплементација.

Иста ситуација ќе најде Ханјдл и овој пат, бидејќи партиите ќе го пречекаат со нула резултати.

Лидерската четворка не седнала на иста маса цел месец, не се спроведуваат реформи, не е остварен политички дијалог, ниту има некаков чекор напред во реализација на Договорот од Пржино.

Политичките партии денес се очекува да имаат одделни средби, пред посетата на германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл.

Партиски извори за СКД.мк велат дека засега се планирани само паралалени состаноци на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, и на ДУИ со ДПА, но на ниво на високи партиски функционери.

Според истите извори, овие средби се обид да се продолжат преговорите, но оти се уште нема закажана нова лидерска средба на сите четири партии, оти за тоа се уште не се создадени услови.

Поврзани новости