Густ чад над градот: Пожар во Бар, силниот ветер го отежнува гаснењето

by Fokus

Во центарот на Бар денеска попладне избувнал пожар.

Огнената стихија зафатила ниска вегетација, а гаснењето е отежнато поради силниот северен ветер.

Пожарот гори во близина на Средното стручно училиште.

Противпожарните екипи се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот.

 

Поврзани новости