820
Триесет и две годишен штипјанец се соочува со максимална парична казна 5.000 евра бидејќи еден ден пред да му истече периодот за задолжителна самоизолација на 26 март отишол на бербер.
„Тој не постапил според одлуката на Владата со која се определуваат мерки за сузбивање и спречување на заразната болест COVID-19. Надлежниот јавен обвинител од Судот побара на обвинетиот да му определи парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на секоја дневна глоба да биде одредена на износ од 50 евра во денарска противвредност“, соопштија од штипското обвинителство.